Санкционирани 70 возачи за возење под дејство на алкохол

 Министерството за внатрешни работи, вчеравечер спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територија на Република Северна Македонија. Во период од 23:00 до 04:00  санкционирани се 70 возачи.

-Од нив, 12 се на територија на СВР Скопје, по 11 на територијата на СВР Тетово, СВР Охрид и СВР Штип, девет на територија на СВР Велес.
МВР информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат на почитување на сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.

Back to top button
Close