Санкционирани 723 возачи за брзо возење


Во сообраќајна контрола вчера на територија на државата казнети се 723 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информира денеска МВР, 42 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 423 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 300 надвор од населено место.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Back to top button
Close