Санкционирани 78 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи денеска во периодот од 10:00 до 14:00 часот на територијата на државата спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 78 возачи, од кои 31 на територија на СВР Тетово, 10 на територија на СВР Велес…

Од МВР информираат дека продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници, се вели во соопштен од МВР

Back to top button
Close