Санкционирани и исклучени од сообраќај 29 возачи под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Тетово
Полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол, при што санкционирани се 29 возачи кои консумирале алкохол, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Сите возачи кои ги прекршиле правилата веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени се законски предвидените поднесоци, а ќе се соочат и со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност.
– Двајца од возачите кои одбиле алкотестирање ќе бидат санкционирани со глоба од 500 евра. Покрај тоа, на сите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци, се вели во соопштението.
Министерството информира дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период и апелираат до возачите да не управуваат со возилото под дејство на алкохол, бидејќи ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.