Сара Џесика Паркер: Воопшто не размислувам на стареењето додека некој не ме праша. Мажите никогаш не добиваат такви прашања
Актерката Сара Џесика Паркер (58) е најпозната по улогата на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“, а сега ја гледаме и во продолжението „Just like that“.

Повторно и повторно дел од јавноста се фокусираше на нејзиниот изглед и анахроното прашање за стареењето, но и изгледот на останатите актерки, а Сара изјави дека воопшто не размислува на тоа.
-Воопшто не размислувам за стареењето додека некој не ми го наметне како тема. Ова прашање за нашата возраст и стареење стана таков феномен. За мене е невообичаено бидејќи не гледам дека овие прашања им се поставуваат на мажите. Многу е чудно – изјавила актерката за Глорија.
Моето тело многу добро ме служеше сите овие години. Бев танчерка долги години и отсекогаш сум била многу физички активна актерка. Мојот активен живот на екранот понекогаш е исто толку важен како и зборовите што ги кажувам. Дали моите стапала ги чувствуваат ефектите од трчањето на потпетици во последните 25 години? Апсолутно – рече таа






