Сара Климоска од Берлинале се враќа со награда за европски актер во подем за 2021

 „Europeans shooting stars“ за 2021 беа дел од официјалната церемонија за доделување на наградите за најдобри европски актери во подем која се одржа на специјално изградената сцена на „Berlinale Museum Island“. Сара Климоска беше номинирана за оваа награда од страна на Агенцијата за филм.

– Имав прекрасни, возбудливи и интензивни три дена во Берлин на првата летна едиција од Берлинскиот филмски фестивал. Конечно имав можност во живо да ги запознам колегите до кои ја делам наградата European shooting stars и навистина секој еден од нив е исклучителен! Благодарна сум на Агенцијата за Филм на РСМ за номинацијата и на European Film Promotion за наградата и за приредување на едно неверојатно искуство, вели Сара Климоска

Наградите ги додели Maria Schrader – која е во главна улога на филмот “I’m your man”, филм кој е добитник на Сребрена Мечка на Берлинскиот филмски фестивал.

Back to top button
Close