Сарач: ДНЕТ се оградува од изјавата на Мицкоски во врска со случувањата во Палестина и бараме истата да биде повлечена

Движењето на Национално Единство на Турците партија која е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на изјавата на Христијан Мицкоски во врска со случувањата во појасот Газа во Палестина.

,,Движењето на Национално Единство на Турците внимателно ја анализираше изјавата на Христијан Мицкоски во вска со ескалациите на појасот Газа во Палестина и до јавноста во Македонија го издаваме следното соопштение.

Како верен и докажен коалиционен партнер на опозицијата во Македонија, целосно се оградуваме од оваа изјава на почитуваниот лидер на опозицијата Мицкоски и изразуваме жалење поради погрешна проценка на настаните во појасот Газа во Палестина. Особено кога припадниците на Муслиманската вера во светот го слават големиот празник Рамазан Бајрам и кога теророт на Израел врз недолжното население, цивили, жени и деца е јавно обелоденето. Ваквата несреќна изјава не соодвестува со вистината на теренот и ги погодува сите верници од Муслиманската вероисповест.

Познавајќи го лично г-динот Мицкоски убедени сме дека силно го поддржува верскиот соживот во Македонија и се повеќе се бори за уште поголема доверба и солидарност со сите во земјата. Оттука нагласуваме дека познавајќи го карактерот и односот спрема нас во коалицијата, не е можно во овој критичен период на исчекор на политиката во Македонија, која оди во наша корист. Веројатно се работи за некој неодговорен советник од негова близина. Бидејќи изјавата предизвика остри реакции на социјалните мрежи, посакуваме изјавата да биде повлечена и повеќе да се посветиме на состојбите на домашен терен.”

Back to top button
Close