Сашо Дранго слави роденден со торта со мечка и се подбива со истрагата на обвинителството

Ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ, демирхисарецот Сашо Дранго, синоќа славел роденден со иконографија со мечка, а многумина според деталите го протолкуваа како мајтап за истрагата што се води против него за реалната фотографија со отепаната мечка околу Нова година.

Славеникот Дранго роденденот го овековечил со фотографија со торта на која има илустрација од неговиот лик наспроти мечка, се обекол во маичка со апликација со мечка, што навидум личи на подбив за случајот кој го отворија истражните ограни за него, подбив за реакцијата на јавноста и одгласот на здруженијата за заштита на животните за реалната фотографија со отепаната мечка.

 

На фотографијата на Фејсбук, сега екс заменик-директорот на „Македонија пат“ Дранго е сликан паднат на колена, значи седи на подот на некоја кафеана, во едната рака ја држи тортата на која има украс како седи на маса со чаша вино в рака и наздравува со мечка. Маицата што ја носи е во бојата на кафеавата мечка, но овој пат избрал јадра мечка, а не како таа на реалната фотографија за која е под истрага. Зад него е декорирано со балони што оддава на славеничка атмосфера.

 

Над објавената фотографија Дранго напишал: „Еве, со мечево пак се сретнавме, ми дојде на роденден“, и ставил емотикон со намигнување, кој обично се користи кога некој се шегува или сака да испадне интересен.

 

Оваа роденденска фотографија Дранго ја ограничил само за свои пријатили што ги одбрал и не може јавно да ја види секој. Но, од фотографијата која ја доби „Независен“, се гледа дека од синоќа досега ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ добил над 1.000 лајкови и над 600 коментари со честитки за роденденот.

 

Фејсбук пријател на Дранго му напишал среќен роденден со порака – „Сите желби реалност, ќе дојди и лаво, полека бате“.

Како што објави претходно „Независен“ истрагата за Сашо Дранго, кој се сликаше со отепана мечка уште трае, или поточно се развлече со месеци. Како да е тоа најкомплициран можен случај. Истарагата за трагедијата во Кочани се заврши за три месеци, а истрагата за отепаната мечка и Сашо Дранго не може за осум. Обвинителството во Битола си го поткопа и оној мал углед, пишува Независен.

Повеќе

Back to top button
Close