Сашо Мијалков директно против Христијан Мицкоски: На ВМРО-ДПМНЕ му треба ново раководство!

Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и разузнавање, долги години втор човек во партијата, ги коментира резултатите на избори и оценката дека се освоени два пратеника повеќе од најголемиот опонент СДСМ, без пратениците на БЕСА.
 – Жалам што мора да кажам, но ваквите ставови се навистина незрели и несериозни. Да не знае човек дали да плаче или да се смее. Се плашам дека повторно Христијан Мицкоски и највисокото раководство околу себе става стаклено ѕвоно и ја игнорира реалноста. Повторно со некакви математики кои се разбирливи само за нив, креираат лажна слика и живеат во еден лажен свет. Проблемот е што сега се помалку граѓаните им веруваат. Добар дел и од блиските на Мицкоски не веруваат во оваа лажна слика, но се плашат да кажат дека со политиките кои ги водеа и со неискрениот пристап, не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните. Реалноста гласи дека ова раководство на ВМРО ДПМНЕ го оствари најслабиот резултат во историјата. Од освоените 455.000 гласови на последните парламентарни избори во 2016 година, Христијан Мицкоски падна на 315.000 гласа. Само Љубчо Георгиевски бил полош од него во 2002 година, кога освои 300.000 гласови, а тогаш и тој и Љубе Бошковски беа на црната листа на САД, a позади себе имаа шверц на цигари, нафта,убиства и куп други афери. Затоа сите искрени и чесни членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се потиштени и разочарани, а само раководството слави победа – вели Мијалков за Плусинфо.
– Дали планирате да се активирате и да се вратите во политиката?
– Се чувствувам целосно реализиран. Бев дел од ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање до сега и ке останам и понатаму. Изградивме модерна, силна, конзервативна партија која што ги имаше интересите на Македонија пред се и над се. Во статутот ги вградивме евроатлантските определби. Ова на што актуелното раководство го сведе ВМРО ДПМНЕ е срамно и непрепознатливо. Не планирам да се активирам во политиката но никогаш не знаеме што носи иднината. Како и да е, не можам да го премолчам ова што и го прават на ВМРО-ДПМНЕ. Повторно преку нивни полтрони пуштаат нарачани текстови дека сум стоел зад некои кандидати само за да ме нападнат и мене и нив. Јас стојам зад тоа дека демократски треба да се избере ново раководство доколку не успеат да го исполнат и последното ветување. Сигурен сум дека кој било кандидат ќе има поголем капацитет од сегашните, но треба да се избере најдобриот кој ќе ја поведе партијата во нови победи.
интервјуто во целост прочитајте го тука

Back to top button
Close