Саудиска Арабија назначи амбасадор во Сирија по прекинот на односите пред 12 години

Саудиска Арабија денеска го објави назначувањето на својот прв амбасадор во Сирија по прекинот на односите со Дамаск пред 12 години.

Тој потег доаѓа откако Сирија минатата година беше повторно примена во Арапската лига, од која беше исфрлена во 2011 година поради бруталното задушување на антивладините протести.

Бунтот во тоа време се претвори во граѓанска војна во која досега речиси половина милион луѓе се убиени, а половина од 23-те милиони луѓе во земјата се раселени

Back to top button
Close