Саутгејт: Не мора да бидеме фудбалски снобови, разновидноста е важна на натпреварите со врвни екипи

 Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт зборуваше за настапот на неговиот тим против Хрватска (1:0) на ЕВРО 2020.

– Момците се способни да донесуваат одлуки. Ние им даваме модели кои можат да се користат во зависност од тоа како противникот притиска. Имаше краток период кога игравме со долги додавања. Зборувавме за тоа за време на паузата. Не сакавме да играме така цело време. Но, постојат моменти кога можете да применете нешто различно од договореното. Играчите не мора да бидат фудбалски снобови. Разновидноста е важна кога играте против врвни екипи, изјави Саутгејт.

Англија в петок, во 2. коло се среќава со Шведска.

Back to top button
Close