СБ на ОН не постигна договор за заедничка изјава за севернокорејските ракетни тестирања

 Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа не усвои заедничка резолуција за најновото тестирање на севернокорејски ракети, наведуваат дипломатски извори од Ист ривер во Њујорк.

Средбата траела нешто повеќе од еден час, се оддржа зад затворени врати, а беше побарана од САД, Франција и Велика Британија.

„Целта на состанокот беше да се анализираат ракетните тестови на Пјонгјанг претходно оваа недела, кои Севернокорејците ги претставија како хиперсонични“, наведуваат дипломатски извори.

Пјонгјанг завчера соопшти дека имала успешен тест на „новоразвиена противвоздушна ракета“.

-Франција побара изјава за медиумите, а Русија и Кина се спротивставија и рекоа дека сега не е време за тоа, туку дека е потребна анализа на ситуацијата, изјави за француските медиуми анонимен дипломат од земја-членка на СБ.

Back to top button
Close