Сцена како од филм: Закани со вклучена моторна пила, обид за бегство од шумска полиција
Вчера (27 декември) СВР Велес добило пријавала од Ф.Ј. (54) – вработено лице во велешката Шумска полиција. Според пријавата, Ф.Ј. и неговите колеги З.З. и Б.К затекнале три возразни лица и едно малолетно лице како вршат бесправна сеча на патот од езеро Младост кон с.Ветерско.
Откако полицајците ги соочиле трите возрасни лица – С.З. (57), Б.З. (36), В.В. (18) и малолетникот, тие биле нападнати од нив. Б.З. извадил остар предмет со кој им нанел рани на З.З. и Б.К кои моментално се во велешката волница. А најмладиот сечач, В.В., дури се заканувал со вклучена моторна пила.
Напаѓачите се обиделе да избегаат со патничко возило „форд“ со велешки регистрации, но биле приведени и задржани во полициска станица. Возилото и предметите се одземени, јавниот обвинител е известен за настанот и се очекува да се поднесат соодветни пријави.