СДК- Авионот од Скопје за Париз принудно слетал во Брисел оти му се слошило на патник

АВИОН ОД СКОПЈЕ ДО ПАРИЗ ИТНО СЛЕТА ВО БРИСЕЛ ОТИ МУ СЕ СЛОШИЛО НА ПАТНИКСтанува збор за редовна процедура ако екипажот оцени дека станува збор за медицинска состојба опасна по живот.(Фото: СДК.МК)

 

 

Авион на авиокомпанија „Визер“ од Скопје до Париз (Буве) утрово итно слетал на аеродромот Шарлоа во Брисел бидејќи му се слошило на патник.

Како што раскажуваат патниците за САКАМДАКАЖАМ.МК  патникот се пожалил на проблеми со срцето додека авионот бил во воздушниот простор над Луксембург на околу половина час пред слетување. Пилотите побарале итно слетување на бриселскиот аеродром Шарлоа, кој бил поблизу, за да му се укаже лекарска помош на патникот. Патниците кои ја контактираа нашата редакција велат дека на земја останале околу околу половина час по што повторно полетале кон Париз.

Повеќе на сдк мк

Back to top button
Close