СДК-ДВА ТАБОРА СЕ ВО БИТКА КОЈ ДА ГО НАСЛЕДИ ТОШКОВСКИ А УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ТОЈ ЌЕ СИ ОДИ

Извори од МВР велат дека едниот табор го поддржувал директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев од Струмица, кој е во Министерството од времето на покојниот претседател Борис Трајковски. Јанев почнал од нула, но речиси целата кариера бил на раководни места. Тој важи за близок до премиерот Христијан Мицкоски.
Другиот табор е околу Сашо Топаловски, кој од февруари 2024 година е началник на СВР Скопје. Тoпаловски викан „Топалот“ има над 21 година професионално работно искуство во МВР, работел од советник за статистички истражувања, преку инспектор во одделот за Недозволена трговија и шверц и инспектор во Единица за недозволена трговија со дрога и оружје СВР Скопје, инспектирал имотни деликти, работел и во Куманово, во Чаир…, па се до Шеста управа на МВР.
Целиот текст на СДК МК






