СДК:Почина општински социјален работник од Штип, бил позитивен на коронавирус

Референт во Центарот за социјални услуги во Општина Штип почина откако имал позитивен тест на коронавирус. Канцеларијата на Центарот, која се наоѓа во зградата на Општина Штип, две недели ќе биде затворена затоа што останатите двајца негови колеги се во домашна самоизолација и допрва ќе бидат тестирани, пишува СДК.мк.

Не е познато со кого сѐ починатиот, кој бил на возраст од 48 години, имал контакти затоа што во последно време учествувал во повеќе хуманитарни активности за ромската заедница.

 

 

Како што дознаваме, починатиот имал здравствени проблеми, поради што извесно време не одел на работа. Имал проблеми со срцето и со црниот дроб и кога деновиве добил напади, бил однесен во болница. Му бил земен брис, па препратен во Клиниката за интерни болести во Скопје, каде што починал, а тестот за ковид-19 се покажал позитивен.

Бројката починати од ковид-19 во Штип се зголеми на 11. Досега вкупно се заразиле 606 лица, а оздравеле 306.

Back to top button
Close