СДК-ПОРАНЕШНИОТ ВОЈНИК НА ОВК БЛЕРИМ РАМАДАНИ ЧЕКАЈКИ ЕКСТРАДИЦИЈА ВО СРБИЈА ИЛИ ВРАЌАЊЕ ДОМА НА КОСОВО ИЗБЕГАЛ ОД КУЌЕН ПРИТВОР ВО СКОПЈЕ
Поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кого го бара Република Србија по потерница и екстрадиција, денеска избегал од куќен притвор од домот на роднини во Македонија, неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.
Тој беше уапсен на 17 јули 2024 на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Србија го бара по потерница поради сомнежи за злосторства во војната на Косово пред 25 години.
Но, судијата на претходна постапка Пајазит Пајазити од Кривичниот суд Скопје од екстрадиционен, го стави Рамадани во куќен притвор, на пријавена адреса на роднини/пријатели на осомничениот Рамадани.
Некој од Кривичниот суд денеска му дојавил на Рамадани дека ќе се враќа во Шутка, па истиот момент избегал од Македонија, велат извори од истрагата за сдк.мк