СДК: Претепувањето не било оти е секретар на „Цар Борис Трети“ туку дилерско-криминална пресметка?!

Синоќешната тепачка во угостителски објект во Охрид, во која тројца напаѓачи му ја скршиле вилицата на Х.П. , секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“, а за која бугарското МНР се истрча и кажа дека ќе поднесе протестна нота до нашата амбасада во Софија, по сè изгледа е дилерско-криминална пресметка, пишува Сдк. 

Во архивата на МВР, тепаниот Х.П. се појавува како лице со кривична пријава, откако охридската полиција на 18 декември нашла кај него кокаин.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.П.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’. При преглед извршен во атарот на охридското село Лескоец, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин“, стои во соопштението на СВР Охрид тој ден.

Но, и тепачите кои сношти му ја скршиле вилицата на Х.П., ѝ се познати на полицијата во градот. За нив има досиеја дека се пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир, во повеќе наврати.

Според очевидци во угостителскиот објект, синоќа околу 22.30 часот во угостителскиот објект најпрво се случила вербален конфликт. Веднаш штом влегле тројцата во локалот, Х.П. почнал да ги пцуе и навредува, по што овие го извадиле надвор и во свој стил, познат и на полицијата, и на охриѓани, го натепале и му ја скршиле вилицата.

Ни збор не се кажал за политика, за бугарски, за македонски идентитет, за јазик или говор на омраза на таа тема.

Повеќе

Back to top button
Close