СДК- Рашковски насочувал друг осомничен да зборува стручно за да не го разберат обвинителите оти биле глупи

Од судско-обвинителски извори, САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека четврто осомничениот во истрагата не успеал да го форматира телефонот пред да му биде одземен и во една од пораките, првоосомничениот Рашковски му вели: „Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“.

Дополнително, САКАМДАКАЖАМ.МК доби потврда од очевидци, професори на Правниот факултет „Јустинијан Први“, дека претрес во истрагата против Рашковски за злоупотреба на службената положба и овластувањата се вршел и таму, бидејќи фирмата „Инвока“ ја користела и канцеларијата на Рашковски, кој во Владата дојде од Правниот факултет.

Одземените биле компјутери на „Инвока“, но таму бил и софтверот за прашањата за кандидатите за Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Во јавноста имаше сомневања, главно од кандидатите за прием на Академијата кои отпаднааа при тестирањето дека не е возможно да се освои толкав висок процент со 100 проценти освоени бодови и се сомневаа дека некој ги продава шифрите со заштитените прашања за полагањето.

Меѓу кандидатите што укажуваа на тоа се и истакнати долгогодишни волонтери, особено во Обвинителството, за кои обвинителите велат дека се „печени“ обвинители и дека во занаетот ги надминале дури и нив.

На листата на положени кандидати се најдоа и веќе слушаат предавања на Академијата деца на високи државни функционери и на врвни судски и обвинителски функционери, а други со висок просек на студиите по право, останаа непримени.

Целиот текст на СДК.мк

Back to top button
Close