СДК-СЕ РАСИПА ЕДИНСТВЕНИОТ ИСПРАВЕН РАДАР НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ
Контролорите на летање летово се заканија со штрајк ако не се инсталира нова опрема, предупредувајќи дека не само стариот радар, туку и софтверот и останатата опрема ќе почнат да откажуваат (Фото:СДК.МК)
Додека не се отстрани дефектот, односно додека не стигне делот од Италија, ќе мора контролорите да ги слетуваат авионите еден по еден. Ако се погоди истовремено и друг, трет авион за слетување, ќе мора да кружат малку на небо, додека не слета тој пред нив.
Информацијата за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди директорот на М-НАВ Владимир Ристески, кој кажа дека работата ќе си се одвива како и досега, само со побавно темпо и оти најважно е што нема никаков безбедносен ризик со слетувањето и со полетувањето на авионите на Скопскиот аеродром.
Целата сторија на СДК МК