СДК-СТЕВО ЌИРКОВ УШТЕ НЕИМЕНУВАН ЗА ДИРЕКТОР НА СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ЗАКАЖУВА СОСТАНОЦИ СО ВРАБОТЕНИТЕ
Од петокот, на вработените во скопската Зоолошка градина како нов директор им се претставува Стево Ќирков, кој беше советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје во мандатот на Данела Арсовска. Ќирков закажува состаноци во директорската канцеларија со вработените на Зоолошката, за плановите за подобрување на условите во неа.
САКАМДАКАЖАМ.МК во петокот испрати прашање до кабинетот на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, дали е назначен нов директор на Зоолошката градина. Одговор не добивме.
Денеска Ќирков ни изјави дека уште не е официјално назначен на функцијата, но тоа треба да се случи деновиве.
До САКАМДАКАЖАМ.МК читатели испратија пресуда од Основниот кривичен суд Скопје во која лицето С. Ќ. е осудено за измама во 2016 година. Како што стои во пресудата, тој е осуден на затворска казна од 6 месеци, која нема да се изврши доколку во рок од една година не стори друго кривично дело. Како што стои во пресудата, С. Ќ. продавал куче за кое лажел дека имал педигре, по што оштетеното лице го тужел и го добил случајот.
Неговиот одговор за условната пресуда прочитајте го на СДК.МК






