СДСМ: Ако претседателката навистина мисли што рече денеска – нека му го каже тоа на Мицкоски

Соопштение на СДСМ:

Претседателката треба да му ги каже овие работи на својот партиски колега Мицкоски.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска рече дека државата се чува со младите, се брани со мудра надворешна политика и се јакнее со национално помирување.

Добро.

Нека му ги каже овие зборови директно на Христијан Мицкоски.

За младите:

Нека му каже дека младите се иселуваат поради криминал, корупција и изолација што ја создаде неговата власт.

Не поради „некој друг“.

За мудрата надворешна политика:

Нека му каже дека „ќе чекаме децении“ и „збогум Европа“ не е мудра политика.

Тоа е политика на намерна блокада и пропаст.

За националното помирување:

Нека му каже дека помирување не се прави кога граѓаните ги нарекуваш „талог на општеството“, „мочуриште“, „медиокритети“ и „лешинари“.

Не се прави помирување кога 40% од медиумите (Орбановата мрежа) систематски делат народ на „предавници“ и „патриоти“.

Не се прави помирување кога во земјата влегува српски медиуми блиски до Вучиќ, од типот на „Ало“ групацијата, а се подготвува и „Евроњуз“, кои шират омраза и пропаганда, што треба да го водат Ивона Талевска и Драган Павловиќ Латас.

Не се прави помирување кога се води антиевропска кампања, кога доминира „српскиот свет“ и руски интереси во земја членка на НАТО.

Ако претседателката навистина мисли што рече денеска – нека му го каже тоа на Мицкоски.

Тоа би значело нешто не само за младите, туку за сите граѓани кои сакаат подобра иднина во сопствената татковина.

Back to top button
Close