СДСМ: Арсовска со лаги ја покрива својата неспособност, проектот за Универзална сала е стручен и целосно безбеден

соопштение на СДСМ:
 
Данела Арсовска мисли дека со лаги може да се покрие нејзината неспособност и неработење.
Откако го стопираше проектот за изградба на Универзална сала, по двомесечен молк за причините поради кои го стопирала проектот, Арсовска вчера ги излажа граѓаните.
Не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен од стручни лица и целосно е безбеден.
Овој проект е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен. Одобрен е и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот за изградба ги има одобрено сите градежни зафати.
Сите постапки и процедури за изградба на Универзална сала се запазени во целост.
Крајно време е Арсовска да престане да лаже и да се поигрува со трпението на скопјани и да почне да го работи она за што е избрана.

Back to top button
Close