СДСМ: Автопатот Кичево–Охрид не е заслуга на ВМРО-ДПМНЕ
Автопатот Кичево–Охрид е најдобар пример за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги започнува проектите со цел само да се сликаат и да се пофалат, без основен проект, без испитувања и без решени клучни прашања.
Кога СДСМ го презеде проектот во 2017 година, на терен затекнавме само околу 30% прогрес на работите, нерешена експропријација, свлечишта на косините, без изработени клучки и со куп сериозни проблеми.
Поради грешките на ВМРО-ДПМНЕ, трасата дури поминуваше преку резервоар за вода за пиење на Кичево, па моравме да ја дислоцираме и да ја заштитиме безбедноста и здравјето на граѓаните.
Во 2018 и 2019 година, по комплетно репроектирање, продолживме со работа, и до 2024 година автопатот го предадовме со 83% завршеност.
Кичево–Охрид е симбол на погрешен избор на модел на изградба од страна на ВМРО-ДПМНЕ — проект започнат од Груевски само за политичко сликање, без геомеханички испитувања, без комплетен основен проект и со штетни последици за граѓаните.
СДСМ покажа дека со одговорност, со работа и со законски измени во 2023 година можеме да воведеме најдобра меѓународна практика за големи инфраструктурни проекти преку ФИДИК моделот (design & build). Со ова денес можеме да се пофалиме со одличен прогрес и на Коридорите 8 и 10д.
СДСМ го спаси проектот од целосен колапс и го донесе до финална фаза, со трајни и безбедни решенија за граѓаните и за државата.
На граѓаните им порачуваме: автопатот Кичево–Охрид не е заслуга на ВМРО-ДПМНЕ туку на работата, одговорноста и решителноста на СДСМ да го спаси нивниот фушерај и да го заврши во интерес на сите.