СДСМ бара јавна дебата за реформи во гимназиското образование, а Јаневска да го повлече предложениот концепт
Опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) денеска преку писмено соопштение ја повика министерката за образование и на наука Весна Јаневска да ја повлече предложената реформа на гимназиското образование, која, како што велат од партијата, предизвикува сериозни реакции од стручната фела, наставниот кадар и пошироката јавност.
Според СДСМ, концепцијата што се турка без доволно консултација и анализа, може да доведе до уништување на критичката мисла и намалување на квалитетот на образованието.
„Ова уште еднаш ја покажа целата неспособност на министерката Јанева која рече дека децата може да учат англиски од серии и дека не им се потребни учебници. Очигледно Јанева нема капацитет да го води овој толку значаен ресор“се вели во соопштението на опозициската партија.
Оттаму истовремено повикуваат итно да се организира јавна дебата со сите засегнати страни, од која ќе произлезат насоки за, како што велат од СДСМ, обезбедување квалитетен и модерен образовен систем кој ќе одговара на потребите на учениците и наставниците.
Несериозно е, посочуваат од партијата, да се прават сериозни реформи без јавна дебата и додават дека тоа е причината што предложената концепција ја одбиле сите релевантни институции и експерти, а ја брани само министерката за образование и наука.
Јавна дебата, според СДСМ, не е поставување на концепцијата на веб-страницата на Бирото за развој на образованието.
„Апелираме до министерката Јаневска да се вразуми, да ја повлече штетната концепција и да ги слушне реакциите на стручната јавност. Да се организира јавна дебата каде ќе се вклучат сите релевантни страни во отворена и аргументирана дебата со цел креирање на реформи во интерес на граѓаните и идните генерации“,велат од СДСМ.
Но, на овој наставен предмет му се заканува бришење од корпусот предмети во средното гимназиско образование заедно со етиката. Филозофијата, пак, од задолжителен се предлага да биде само изборен.
Предложената концепција за реформи во гимназиското образование предизвика многубројни реакции од стручната фела, а особено од Филозофскиот факултет, имајќи предвид дека со реформите се предвидува бришење на логиката и етиката од корпусот предмети во средното гимназиско образование, додека предметот филозофијата од задолжителен се предлага да биде само изборен.
Професори од Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет – Скопје во петокот беа на средба на средба со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, на која, како што беше соопштено, го изразиле своето категорично противења на бришењето на предметот филозофија од корпусот задолжителни предмети, како и на отстранувањето на предметите логика и етика како изборни предмети од наставниот план.