СДСМ бара ДКСК да не молчи за денешните постапки на Мицкоски

Преку писмено соопштение до медиумите, реагираат од владејачката СДСМ, од каде велат дека ДКСК не треба да молчи, по повод денешните постапки на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој беше во Охрид, да го промовира проектот „Македонски просветители“ заедно со новиот градоначалник на градот, Пецаков.
„Денеска Христијан Мицкоски повторно промовираше проект оставен од претходните градоначалници од редовите на СДСМ.  Проектот во Охрид на кој денеска Мицкоски како партиски лидер учествуваше е проект изработен од претходната општинска администрација предводена од Константин Георгиевски и СДСМ, со поддршка од Министерството за транспорт и врски.  Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините. Во кое својство Мицкоски врши увиди па дури и разговара со директори на Јавни претпријатија под надлежност на општините?“, се истакнува во соопштението на партијата.
Оттаму прашуваат дали Државната комисија за спречување на корупција ќе реагира, како што велат, на оваа злоупотреба, или пак ќе чекаат  некој друг да поднесе претставка.
„Мицкоски со ваквите постапки само докажува дека не е излезен од режимската матрица, од времето кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше и премиер и министер и градоначалник. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е само копија на неговиот ментор и криминалец во бегство, Никола Груевски“, се додава во партиското соопштение.

Back to top button
Close