СДСМ: Блокираната сметка на НОБ е оставена од Дурловски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ од 2012 и 2013 година

„Огромни долгови, натрупувани со години од погрешно управување со НОБ на Дурловски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 и 2013 година се изворот на проблем кошто тие го имаат создадено. Долговорите на НОБ не се струја туку за ненаплтени побарувања, нерелизирани барања од различни фирми и поединци кои биле ангажрани а не им било платено. Токму заради огромните долгови на Дурловски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ спроведено е извршно решение и блокирана е сметата на НОБ“, се вели во соопштението на СДСМ.
СДСМ смета дека од тие причини со блокирана сметка оваа национална установа не можела да ја подмири сметката за струја.
 
Иако, единствен период во којшто заостанатите долгови се намалени е периодот во кој со оваа институција раководи актуелниот директор. Надлежните институции ќе пронајдат соодветно решение за новонастанатата ситуација. Но, последни кои имаат образ да зборуваат за овој долг е оние кои го направија, ВМРО-ДПМНЕ, Дурловски и нивните кадри.

Back to top button
Close