СДСМ: Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска?


Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери”.

Прашуваме: За кои реформи?

За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува?

За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија?

Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда?

Македонија е во опасност да остане надвор од седумгодишниот план на ЕУ поради неисполнување на реформите. А министерката зборува за „најголеми средства” и за тоа дека Македонија е меѓу реформските лидери.

За споредба: Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, а Македонија ќе добие 65,7 милиони евра, од Планот за раст на ЕУ.

И тоа е „најмногу”?

Дали е тоа истата министерка која пред неколку месеци изјави дека „пола Европа ќе банкротира”, а Македонија ќе процвета?

Истата која тврди дека сме „трета економија во Европа”, а немаме пари ни за зголемување на минималната плата?

Изгледа дека Мицкоски со своите лаги ги зарази и своите министри. Или можеби и тие почнаа да му веруваат.

Back to top button
Close