СДСМ: Дали Мицкоски соработува со криминалци, па се обиде да ја саботира акцијата на МВР?

Дали Христијан Мицкоски намерно пласираше информации во јавноста за да се саботира голема полициска акција на нашите институции, МВР и меѓународни органи со помош на нашите стратешки партнери, саботажа која не успеа?

Оваа е денешната реакција на СДСМ, откако денеска МВР информираше дека е уапсена група од десетина полицајци за кои постои смонеж дека учествувале во ланец за изработка на фалсификувани пасоши и лични документи, а од друга страна обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со вчерашниот брифинг, на кој споделија детали за акцијата, се обиделе да ја сузбијат.

– Очекуваме официјални информации од надлежните институции кои треба да покажат дали Христијан Мицкоски одработува за криминалци, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close