СДСМ: Дали Мицкоски во Давос, на средба за која владата не известува, бара посредничка куќа за мигрантите?

Соопштение на СДСМ

Информациите кои се доставени до СДСМ потврдуваат дека утре, 22.01.2026 година во Давос е планирана средба на премиерот Христијан Мицкоски со компанија која работи со програми за престој и државјанства, преку различни типови на инвестиции.

Средбата е планирана со почеток во 18.30 часот во Global Citizens House, во Давос, а Владата се уште нема информирано.

Оваа средба, со компанија која работи со програми за престој и државајнства, доаѓа по одлуката за прием на 10.000 „економски работници“, промената на Законот за странци и договорот за кој известија британските медиуми.

Прашуваме, дали Мицкоски во Давос бара посредничка куќа за мигрантите?

Дали на Владата толку и требаат пари што и се брза преку посредници да ги осигура?

Back to top button
Close