СДСМ до ДПМНЕ: За ова ли ви требаа 58 пратеници – за функционерите да не го признаваат ниту македонскиот јазик?

Реакција на СДСМ:

Додека ВМРО-ДПМНЕ уште се фали со исторски резултати и „горда Македонија”, нејзините коалициски партнери не покажуваат ни основно почитување кон македонскиот јазик и граѓаните.
Арбен Фетаи, вицепремиерот за добро владеење во Владата на Мицкоски, одбива да одговара на македонски јазик, иако е прашуван на македонски. Без чувство на одговорност, без почит кон институцијата и граѓаните, Фетаи со ладнокрвност им порача на новинарите: „Уште не сум спремен на македонски”. А роден е во Куманово, со македонско државјанство и функција во македонска Влада.
Од ВМРО-ДПМНЕ нема ни збор. Нема реакција, нема извинување, нема барање за одговорност. Затоа прашуваме: за ова ли ви требаа 58 пратеници? За уште поголемо непочитување на македонскиот јазик и институциите?
Ова не е изолиран случај. И други функционери од албанскиот блок во оваа Влада не се обраќаат на македонски не одговараат на медиумите. А Мицкоски си молчи како ништо да не се случува.
ДПМНЕ се колнеше во „македонштина”, се бореше против француски предлог и „асимилација”, а денес вашата Влада не може да обезбеди ни почит кон македонскиот јазик.

 

Back to top button
Close