СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

Соопштение на СДСМ:

ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

ДПМНЕ не ја прифати подадената рака на СДСМ за заедничко потпишување на Резолуцијата и со една одлука на Собранието граѓаните да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има.

По толку јавни повици за заедничка акција, секој ден, добивме молк. На сите им е јасно дека ова е свесна политичка одлука на ДПМНЕ и дел од нивната стратегија.Доколку немаше задкулисни договори и преземени обврски за кои јавноста дозна од британските медиуми, Резолуцијата одамна ќе беше потпишана.

Сега веќе можеме јавно да констатираме: ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти.

Ние повеќе нема да ги повикуваме. Одбивањето кажува сè за нивното предавство за пари – мигранти во Македонија ќе има.

Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува

Back to top button
Close