СДСМ: ДПМНЕ се распаѓа, Мицкоски внатрешните кавги да не ги товари на нас

„ДПМНЕ се распаѓа, очигледно големи се внатрепартиските проблеми во Белата палата и анти ЕУ кампусот.

Раздорот и внатрешните кавги во ДПМНЕ Мицкоски да не ги товари на СДСМ. Очајниот Мицкоски воопшто да не ја меша СДСМ во меѓусебната пресметка и сам да си ги решава кавгите“, соопшти СДСМ.

„Јавноста се уште чека одговори од Мицкоски за диловите со Груевски. Дали со тоа ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него внатре во неговата партија“, прашуваат од СДСМ

Back to top button
Close