СДСМ: Дрогата од пет тони слободно поминала граница и слободно се превезувала низ пола Македонија

Последните информации за најголемиот нарко скандал со пет тони дрога, објавени од обвинителството потврдуваат дека дрогата слободно ја поминала македонската граница, „повеќекратно“, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Дополнително, пред тоа, дрогата во поголема количина била пренесувана со товарни и патнички возила од објект на правно лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе.  Таму, во селото Сарамзалино, бил извршен претовар.

Потоа било организирано и преминувањето на македонската граница.

Значи дрогата не само што слободно ја преминала границата туку слободно била превезувана низ пола Македонија.

Кој ова го дозволил од МВР? Каде била полицијата? Каде биле 65 илјади камери?

Затоа ли Тошковски на телевизија вели „не е прашање како излегла дрогата од Македонија туку како влегла во Србија“?

Таму знаеме дека е уапсен функционер и финансиер на СНС, нивната сестринска партија.

Кога ќе слушнеме кој функционер кај нас во Македонија дозволил дрогата да ја помине границата?

Најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога води во врвот на власта на Мицкоски и истрагата тоа треба да потврди.

Back to top button
Close