СДСМ: Единствен виновник што нема консензус за Изборниот законик е Христијан Мицкоски

Сакаме да не ги крадеш гласовите на граѓаните на избори, преку дијаспората, се вели во реакцијата од Социјалдемнократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски во која ја повика опозицијата да не го кочи нодсењето на изб орниот законик и да изелзе со конкретен предлог.

Седиштето на СДСМ (Илустративна фотографија) / Фото: Архива

„Мицкоски вели да сме кажеле што сакаме за Изборниот законик, ќе прифател. Кажуваме, сакаме да не ги крадеш гласовите на граѓаните на избори, преку дијаспората. Бидејќи се потврди дека на Христијан Мицкоски и на ВМРО не им е ниту до реформи, ниту до подобрување на Изборниот законик, ниту до политички консензус. Нивната цел е само една – изборен грабеж. Сè друго се лаги, изговори и спинови со кои се обидуваат да ја прикријат вистината“,се наведува во реакцијата од опозициската партија.

Оттаму повторуваат дека премиерот Мицкоски првин на сила, без политички консензус и спротивно на воспоставените демократски практики ја укинал техничката влада на 100 дена пред избори, а сега се обидува да „протне“ модел за електронско гласање на дијаспората без соодветни механизми за контрола и гарантирање на изборниот интегритет.

Откако тој обид не му поминал, велат од СДСМ, премиерот предложил нов модел – дијаспората да гласа по пошта, што според социјалдемократите повторно не ниуди контрола и механизми што ќе ја гарантираат слободно изразената волја на граѓаните.

Дополнително, од СДСМ велат дека Мицкоски првин рекол дека приваќа промена на изборниот модел со една изборна едница, а сега бара, како што велат, некој друг да се договори околу ова прашање.

„Само лаги и спинови зад кои се крие барањето начин да манипулира со околу 200 000 гласови од дијаспората. Во меѓувреме, реформската агенда ја користи само како изговор и алиби за сопствената неспособност да ги реализира обврските од евроинтеграцискиот процес“,велат од СДСМ.

Во тој контекст, од партијата обвинуваат дека единствен виновник за тоа што нема консензус за Изборниот законик е премиерот Христијан Мицкоски и дека проблемот не е во опозицијата.

„Проблемот е во власта и во Христијан Мицкоски, кој упорно инсистира на решенија што отвораат простор за изборни злоупотреби. СДСМ нема да дозволи изборен грабеж. Ќе го браниме гласот на секој граѓанин, ќе се спротивставиме на секој обид за манипулација и ќе ја заштитиме слободната волја на граѓаните“,порачуваат од опозициската партија.

Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања за време на денешната посета на Битола рече дека владејачкото мнозинство се обидело да даде предлог кој првично бил прифатен заедно со сите други измени кои ги содржат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и оти законот бил потпишан и се било завршено, но од Левица, иако првично биле согласни, сега прават „театар“ за малиот број гласачи кои сè уште им веруваат и оти нивните тврдења немаат никаква врска со вистината.

Премиерот Христијан Мицкоски одговара на новинарски праша за време на денешната посета на Битола / Фото: Влада на РС Македонија, Сектор за односи со јавност

Потоа, додаде тој, настапила втората опозициска партија, СДСМ која поднела илјадници аманмани и дале секакви забелешки, поради што ВМРО-ДПМНЕ дал јасен предлог – опозицијата да се договори меѓусебно за се што сака да биде инкорпорирано во Изборниот законик, но да го содржи барањето за вклучување на гласањето на дијаспората. Мицкоски рече дека опозицијата ќе добие бланко поддршка од владејачкото мнозинство за сè што ќе договори, но, додаде, и по неколку дена оттаму не пристигнал никаков одговор.

Back to top button
Close