СДСМ: Единствената цел на губитникот Мицкоски е да ја закочи државата, да го закочи напредокот, но и овојпат нема да успее

Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај, со најава за некакви блокади на институциите покажува дека единствената битка што ја води е како да си ја сочува партиската фотелја, а не како да и помогне на државата.
Единствената цел на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ.
Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде се појавуваат се помалку граѓани.
Пред нив, Мицкоски го навреди целиот македонскиот народ е хистеричен.
Но, граѓаните воопшто не се хистерични. Одамна го препознаа лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ и три пати по ред ги поразија поради антидржавно и антиевропско дејствување кое е на штета на државните и националните интереси.
Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет.

Back to top button
Close