СДСМ формира нов антикорупциски тим – млади истражувачи ќе разоткриваат скандали
Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека партијата веќе формирала антикорупциски тим составен претежно од млади активисти и истражувачи.
„Овој тим ќе ги обработува скандалите кои секојдневно ги гледаме. Ќе анализира документација и ќе поднесуваме пријави до национални и меѓународни институции“, изјави тој.
Најави и отворање онлајн платформа преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат сомнежи за корупција.
Како дел од планот за меѓународна соработка, СДСМ ќе воспостави контакт со антикорупциските институции во Италија.
„Ќе побараме помош од италијанските институции кои со децении водеа борба против Коза Ностра. Ако тие успеаја да се справат со најорганизираната мафија во Европа, тогаш и ние можеме да се справиме со мафијата на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Филипче.






