СДСМ: Ги осудуваме однесувањето и клеветите на Ковачки кон новинарите и бараме да им се извини

Соопштение на Сдсм:

СДСМ го осудува недоличното однесување на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој денеска во Собранието попречувал новинари да земат изјава од партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски, не дозволувал да му се поставуваат прашања и грубо ги клеветел новинарите.

Ова однесување многу потсетува на режимското време на ВМРО-ДПМНЕ и односот кон новинарите и претставува напад врз слободата и вредностите на едно демократско општество. Јасно е дека матрицата на оваа партија не е променета.

Секој обид за попречување, заплашување или дискредитација на новинарите претставува директен напад врз слободата на изразување

Драган Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат и да јавно да им се извинат на новинаритe.

Back to top button
Close