СДСМ го исклучи Максим Димитриевски од партијата
Максим Димитриевски актуелниот градоначалник на Куманово, кој дојде на функцијата како кандидат на СДСМ, веќе не е член на владејачката партија, која денеска објави дека ќе оди со друг кандидат на претстојните локални избори, објави „360 степени“.
Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, денеска промовирајќи го новиот кандидат за Куманово, рече дека Димитриевски сам се исклучил од партијата. Тој нагласи дека СДСМ има само еден кандидат во Куманово, алудирајќи на забелешките во јавноста дека во најголемата општина во државата СДСМ ќе се натпреварува против СДСМ на овие избори.
-Согласно статутот на СДСМ, со ваквата одлука на Димитриевски автоматски се исклучува од членството во СДСМ, велат од партиското раководство за „360 степени.“