СДСМ: Го поздравуваме тоа што ДКСК отвори предмет, Велковски да поднесе оставка

СДСМ преку соопштение ја поздрави одлуката на Државната комисија за спречување корупција да отвори случај.

„Според информации во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет за незаконското назначување од страна на Данела Арсовска на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје.
Тоа е за поздравување.
Велковски е незаконски назначен од Арсвоска, прекршен е членот 44 од Законот за спречување корупција и судир на интереси.
Тој истовремено е и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир, за што добива месечен паушал од 18.000 денари, додека како секретар на Градот тој има плата од околу 50.000 денари.
Овој случај на грубо прекршување на законите мора да добие разрешница, а Велковски мора да се повлече од функцијата на која е незаконски поставен од страна на Арсовска.
Сите инволвирани во овој случај мора да бидат санкционирани соодветно законите.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по старо, со прекршување на законите и партизација на институциите работи на штета на граѓаните“, соопштија од СДСМ.

Back to top button
Close