СДСМ: Голем е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Ковачевски и Зечевиќ, им следува уште еден изборен пораз


Сѐ поголем е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ, откако Христијан Мицкоски доживеа катастрофален пораз на првото изборно соочување во Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

Поттикнати од страв, од преполни сали низ државата од кои ечеше поддршка за европска иднина, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со лаги и манипулации, знаејќи дека на парламентарните избори во 2024, со тандемот Ковачевски Зечевиќ ги чека уште еден изборен дебакл.

Со ниту една лага, деструкција и манипулација ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да ја загрози европската иднина на државата.

Предвремени избори нема да има. Пред СДСМ се цели и задачи кои сме презеле обврска да ги реализираме до редовниот термин за избори.

Граѓаните ги препознаваат искрените политики на новото раководство на СДСМ и затоа Мицкоски во 2024 година ќе прокнижи нов пораз.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close