СДСМ: Големите пријатели, Орбан, Вучиќ, Мицкоски, Мадуро

Пред оваа акција на САД кои беа политичарите и единствените земји во Европа кои го поддржуваа и развиваа соработка со Мадуро?  Тоа се блиските пријатели на Мицкоски, да не речеме негови деловни партнери: Орбан во Унгарија и Вучиќ во Србија.

Вучиќ најавуваше блиска соработка со Маудуро пред само неколку месеци а Унгарија со Орбан на чело беше негов поддржувач.

Граѓаните многу добро ја знаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ. Освен што сите политики им се исти, освен што Мицкоски го спроведува истото сценарио на неговиот „стрико” Вучиќ тука се и бизнис релациите кои СДСМ ги откри преку скандалот со Алта банка.

Во неговото последно интервју Мицкоски зборува и за „блискиот пријател Виктор Орбан”, кого ЕУ го обвинува за корупција по скандалот со имотот што се води на името на неговиот татко.

Што е заедничко за сите овие десничарски политичари и големи пријатели?

Тоа што се отворија сериозни теми за криминал и корупција.

Во САД се усвои Закон за Западен Балкан потпишан од претседателот, Доналд Трамп, со посебен акцент на криминалот и корупцијата на Балканот.

Во законот се пропишува дека претседателот на САД воведува санкции кон секое странско лице за кое ќе се утврди дека е вклучено или се обидело да се вклучи во корупција поврзана со Западен Балкан, најдоцна во рок од 90 дена од денот на стапување во сила на Законот.

Санкции се предвидени и за поединци и политики „кои ги подриваат демократските процеси или институции” и за тешки кршења на човековите права.

После сите овие случувања со големите пријатели прашањето е спие ли мирно Христијан Мицкоски?

Центар за комуникации со јавноста, СДСМ

Back to top button
Close