СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!

Видовме дека зад секој поголем бизнис стои Мицкоски. Така е и со рудникот за антимон во Крива Паланка.
Носители на проектот се донатори и блиски соработници на ВМРО.
Никој од власта не се грижи за здравјето на граѓаните освен на зборови.
Граѓаните мораат сами да одлучат.
Градоначалниче, референдум! Нека граѓаните на Крива Паланка сами одлучат дали сакаат рудник за антимон во својот крај.
Не може повеќе бизнисот да биде главна тема.
Имаме страшни искуства од минатото со рудниците во Македонија, Крива Паланка има свој пример со загадувањето на реката.
Пред една година анализи покажаа дека концентрацијата на тешки метали, цијанид и други токсични материи во Крива Река беше десетици пати над дозволеното.
Дали граѓаните на Крива Паланка сакаат да се препуштат на „чувствата” на Мицкоски дека „се ќе биде во ред” или сакаат сами да одлучат?
Власта не е способна да се справи со 10 крави во паланечко, а камоли да го заштити целото население на Крива Паланка од труење.
Еден од најопасните рудници за животната средина се токму рудниците за антимон и литиум.
СДСМ јасно стои на страната на граѓаните: референдум за рудникот!

Back to top button
Close