СДСМ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски склучувал Договори со роднини, пријатели и медиумски поддржувачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ  

Во време на најголема економска и енергетска криза, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо работа и исполнување на ветеното целиот фокус им е ставен на партиски вработувања, трошење пари и полнење на џебовите на нивни роднини и пријатели.

Не може да немаат пари за струја, за парно, за помош на граѓаните среде криза а немилосрдно да ги трошат парите на граѓаните за партиски вработувања и вдомувања на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на своите роднини и пријатели.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, нема свој ниту еден проект досега реализиран. Но затоа има еден куп склучени договори за вработувања, меѓу кои и  голем број со авторски договори.

Преку договори со суми од 40 па и од 50.000 денари, парите на граѓаните завршуваат кај членови на ВМРО-ДПМНЕ, нивни роднини, пријатели, па дури и нивни медиумски поддржувачи.

Само во еден месец, ноември 2021 година, Орце Ѓорѓиевски склучил 11 вакви Договори кои се продолжени и во оваа 2022 година.

Славче Трпевски – партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на Катастар, против кого има Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

Еве го тој договор. На партискиот кадар на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорѓиевски му обезбедил 40.000 денари а има и анекс на Договор.

Наталија Митовска – од порталот Инфомакс, медиум кој е под директна контрола на ВМРО-ДПМНЕ, исто така има Договор со општина Кисела Вода. Со парите на граѓаните очигледно се плаќа пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ и ширењето лажни вести.

Еве го Договорот на Митовска, 24.000 денари месечно, но има и анекс на Договор, како да нешто не било доволно. Исто како Трпески, таа е ангажирана за изготвување Извештај со елаборирање за спроведување програма на месна самоуправа.

Тоа не е се, на списокот партиски договори на Орце Ѓорѓиевски има и роднини и лични пријатели на градоначалникот.

Сара Ѓорѓиевска – роднина, поточно братучетка на градоначалникот, исто така има Договор вреден 30.000 денари.

Прием на странки, телефонски разговори и прием на пошта. Како од цела општина да немало човек за оваа работа па морала братучетката на градоначалникот да биде наградена.

Договор има и за Кирил Митревски, близок пријател на градоначлникот, вреден 50.000 денари но и многу други лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, како Влатко Стојановски, Кирил Димчевски, Сашо Јовановски, Ленче Алтова и др.

 

Почитувани граѓани, ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија која криминално влаееше 11 години а ништо не работеше.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ширум државата е слика и прилика што би правеле на централно ниво – партиски вработувања, вдомувања, трошење на парите на граѓаните и неработа.

 

 

Back to top button
Close