СДСМ и ДУИ не разговарале за името на техничкиот премиер, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека за името на техничкиот премиер се уште не разговарале со раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

– Во однос на името на техничкиот премиер не сме разговарале, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Фармацевтскиот факултет во Скопје.

За изборниот настап, Ковачевски вели дека СДСМ има веќе одлука на Извршниот комитет и дека ги повикуваат сите политички партии без разлика на нивната идеолошка и етничка припадност да им се придружат во широк Европски фронт што ќе се залага за Северна Македонија до 2030 година да стане членка на Европската унија. Тој повтори дека во СДСМ е почната внатрепартиската процедура за избор на кандидат за претседател.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

Претседателските и парламентарните избори веќе се знае кога ќе бидат, рече Ковачевски, изразувајќи уверување дека претседател на државата ќе биде кандидатот на СДСМ и коалициските партнери и дека тој повторно ќе формира Влада.

-Тоа ќе биде кандидат кој ќе се грижи за стратешките цели на државата, претседател на сите граѓани, кој ќе се грижи за остварување визијата за просперитетна Македонија и ќе стане – земја членка на ЕУ. Истовремено на парламентарните избори, со оглед на тоа дека СДСМ ќе настапи со европска коалиција, и ќе ја добие довербата од граѓаните и на тие парламентарни избори јас повторно ќе го добијам мандатот за формирање на следната влада со која ќе влеземе во полноправно членство во ЕУ, рече Ковачевски.

Back to top button
Close