СДСМ и коалцијата „Можеме“ им се заблагодаруваат на граѓаните за почитување на мерките за време на кампањата и повика за време на молкот да ги одбиеме лажните вести од подземните центри на ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата „Можеме“ им се заблагодари на граѓаните за учеството во кампањата, за почитувањето на мерките при теренските активности и за сите комуникации остварени преку дигиталните платформи.

-СДСМ водеше интензивна, современа, позитивна и достоинствена кампања, фокусирана на понудата, на интересите на граѓаните и на иднината на државата. Ги презентиравме нашите конкретни решенија и нашата јасна визија за развојот на земјата до 2024 година – ја проектиравме Северна Македонија како економски силна и праведна држава која се грижи за здравјето на сите, држава со чиста животна средина, држава членка на НАТО и преговарач со ЕУ каде владеат ред, правда и дисциплина, се истакнува во соопштението на Коалицијата  „Можеме’.

Потсетуваат дека согласно законите, СДСМ вечерва на полноќ ги запира сите теренски и медиумски комуникации, како и сите објави на социјалните мрежи, се додека не заврши изборниот молк, до среда во 21.00 часот.

-На медиумите им благодариме што со своето информирање и простор за учество на кандидати и претставници од СДСМ и Коалицијата придонесоа нашата понуда од програмата да стигне до што повеќе граѓани, нагласуваат од СДСМ.

Во однос на, како што велат другата страна, граѓаните се сведоци на недостојна и манипулативна кампања водена од ВМРО-ДПМНЕ, кампања, која според нив, го оживеа режимот во очите на граѓаните, која во целост потсетува на времето кое е зад нас, односно кампања која уште еднаш потврдува дека опцијата предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е опција која ја носи земјата во опасност.

-Имајќи предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која поседува подземни центри за лажни вести, апелираме до граѓаните за време на молкот да биде максимално внимателни, сите вести кои доаѓаат од некредибилни извори да ги примаат со сериозна доза на критика и сомнеж, да ги одбијат манипулациите и на таков начин, да се спротистават на режимот, потенцираат од СДСМ.

Владејачката партија  ги повикува граѓаните на 15 јули да ги поразат лажните вести, конфликтите, опасноста и секој граѓанин со гласање за СДСМ и бројот 3 носи да донесе да се продолжи по сигурниот пат

Back to top button
Close