СДСМ: И со Ленин и без него, Мицкоски е тој што може да стави крај на блокадата во Скопје
„ВМРО-ДПМНЕ може да се обидува да го менува лицето во јавноста. Ленин Јовановски да го замени со нов Ленин, но на сите им е јасно дека зад оваа блокада стои еден ист систем една иста матрица на функционирање која само знае да блокира и да уценува“,велат од Социјалдемократскиот сојуз во соопштението испратено до медиумите.
Од партијата додаваат оти сите виновници за блокадите во метрополата се посредно или непосредно поврзани со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно денеска директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, најави дека целосно се повлекува од протестот на приватните автобуски превозници, оти, како што рече, не сака неговото име да биде ставано во политички контекст и да биде изговор за дефокус од вистинскиот проблем на превозниците.