СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите за вториот изборен круг

– СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите што ги поднесоа за изборните резултати во вториот круг, потврдија вечерва од ДИК за МИА.

СДСМ имаше поднесено седум приговори кои се однесуваа на две избирачки места во Шуто Оризари, едно избирачко место во Конче, три избирачки места во Кочани и едно избирачко место во Чешиново-Облешево, а ВМРО-ДПМНЕ имаше еден приговор за избирачко место во Пробиштип.

Според најавите, утре се очекува ДИК да одлучува по останатите 15 приговори поднесени од ДУИ, ТМРО и Група избирачи Енвер Пајазити.

ДУИ има поднесено пет приговори од кои три се за избирачки места во Студеничани и два за избирачки места во Желино. Политичката партија ТМРО има поднесено седум приговори, сите за општина Старо Нагоричане, а приговорите на групата избирачи Енвер Пајази се однесуваат на три избирачки места во Брвеница

Back to top button
Close