СДСМ: Иако имаат обврска и надлежност врз топлинската енергија, Арсовска и Град Скопје не преземаат ништо за надминување на енергетската криза

Данела Арсовска градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ покажува неспособност да ги решава проблемите на скопјани и елементарно непознавање на нејзините ингеренции рече на прес конференција советникот во Град Скопје од СДСМ Мартин Попов.

– Арсовска, односно Град Скопје има обврска пред скопјани но има и законски обврски и надлежности во делот на енергетиката. Член 151 став 1 од Законот за енергетика јасно вели дека „Заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве енергетски дејности: производство на топлинска енергија; дистрибуција на топлинска енергија и снабдување со топлинска енергија. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги заборавија скопјани среде криза, вели Попов.

Back to top button
Close