СДСМ: Има ли крај на оправдувањата на Арсовска, Универзална Сала е стручно подготвен проект

Соопштениа на СДСМ:


Данела Арсовска веќе не знае како да се брани заради својата неспособност и започнува со целосни лаги да го правда своето неработење. 

Откако го стопираше проектот за иградба на Универзална сала и двомесечен молк за причините заради кои го стопирала проектот, денес излезе со целосна лага во јавноста. Целосно е неточно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден.
Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрување Град Скопје го има.
Понатаму, Пратен и одобрен и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот на изградбата ги има исто така одобрено сите градежни зафати. Не постои ниедна постапка или процедура за изградба на Универзална сала која не е запазена во целост.
Записници за технички решенија во тек на градба не се и не може „градежен безбедносен проблем” да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска.
Јавно ја прашуваме, што се крие зад стопирање на проектот?
Која е вистината, има ли бизнис интереси Арсовска и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски од блокирањето на сите проекти започнати од власта на СДСМ?
Редно е да прекинат да ја лажат јавноста и да се фатат за работа, скопјани веќе го изгубија трпението во најлошата градоначалничка која некогаш Скопје ја имало.

 

Back to top button
Close